Симпатизер на американскиот претседател Доналд Трамп нападнал и удрил камерман на Би-Би-Си за време на митинг во Ел Пасо, Тексас.
Човекот, кој носел капа со слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно величествена“, го гурал и пцуел камерманот Рон Скинс и неколку други новински екипи пред да биде тргнат од обезбедувањето.
Скинс рекол дека неочекувано добил силен удар и дека „не знаел што се случува“. Неговите колеги од американскиот сервис на Би-Би-Си информирале дека камерманот е во ред и дека не заработил посериозни повреди.
Трамп од говорницата го забележал нападот и со палец нагоре се осигурал дека Скинс бил добро по нападот. Американскиот претседател од почетокот на неговиот мандат има прилично заострен однос со медиумите, нарекувајќи ги новинарите „непријатели на народот“ и често ги карактеризира како „лажни вети“ сториите кои се критички кон него.
Претставник на кампањата на Трамп по инцидентот изјавил дека напаѓачот бил пијан.