„Пречкртај насилство“ – Панел дискусија и графити работилница во ГУЦ

Денеска од 10 до 14 часот во средното училиште „Здравко Цветковски“ – Гуц во Скопје ќе се одржи панел дискусија и графити работилница насловена „Пречкртај насилство“.

„Младите луѓе треба да бидат инспирација за позитивна промена во нашето општество. Токму затоа, ние – Ники, Мила, Сара и Бојан, решивме да учествуваме во глобалниот Generation Unlimited – Младински Предизвик кој има за цел да ја ослободи креативноста и идеите на младите луѓе низ светот. Нашата цел е активно да се вклучиме како “решавачи” на проблемот со насилство врз и помеѓу деца, да ја поттикнеме свеста и да ставиме крај на истото. Ова е првиот Младински Предизвик кој се одвива во 16 земји низ светот. #ПречкртајНасилство е меѓу петте избрани идеи од нашата земја кои имаат можност да станат реалност“, стои во повикот за настанот.

Повеќе за настанот и агендата на панел дискусијата можете да најдете на следниов ЛИНК.