Венецуела забрани влез на камиони со хуманитарна помош

Венецуела не дозволила влез на неколку камиони со хуманитарна помош кои пристигнале на границата со Колумбија.

Камионите со храна и медицински средства сега се сместени во складиште на граничниот премин. Владата на оспорениот венецуелски претседател Николас Мадуро соопшти дека блокадата била направена со објаснување дека „Венецуелците не се питачи“.

Во меѓувреме Меѓународната група за контакт, поддржана од Европската Унија, повика на мирно и политичко решение за сè поголемата криза во земјата.

„Групата сака да изгради заеднички меѓународен приод кон поддршка на мирна, политичка и демократска резолуција за решавање на кризата во Венецуела која нема да дозволи употреба на сила низ слободни, транспарентни и кредибилни претседателски избори во согласност со венецуелскиот устав“, изјави еврокомесарката за надворешни работи, Федерика Могерини.

Милиони граѓани од Венецуела ја напуштиле земјата од 2015 година и околу 800.000 луѓе завршиле во Колумбија.