Апликацијата МојВоздух од денеска ќе прикажува податоци за квалитетот на воздухот на 8 нови мерни станици.
Ќе се регистрираат податоците од три нови станици во Охрид (Први Мај, Богомилска и Мирче Ацев) и Битола (Стрелиште, Зоолошка и Тодор Паница), една во Струмица (Ленинова) и една во Ново Село.
Мерните станици се поставени преку проектот Pulse.eco.
Веб-платформата МојВоздух можете да ја најдете на следниов ЛИНК.