Изложба „Белег“ на Бојана Пешевска во „Колектив Галерија“  

Во „Колектив Галерија“ на 25 јануари (петок) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Белег“ на Бојана Пешевска, историчар на уметност и фотограф, која твори под името MissChievous.

Во 2018 година, Пешевска има учествувано со повеќе фотографии на изложбите „Моја Скопска Приказна“ и „99files – Скопски Брутализам“ кои се одржаа во Музејот на современата уметност во Скопје, и на саемот за уметност „In Situ“ изложен во Младинскиот културен центар.

„На изложбата ќе бидат претставени мнозинство фотографии создадени во текот на 2018-та година и дел од 2017, дела инспирирани од личниот интерес на уметникот за архитектурата и неисрцпливата љубопитност кон истражување на маалските улички и ќошиња на Скопје“, стои во најавата за изложбата.