По повод новогодишните празници, Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар извести дека во вторник (1 јануари) и среда (2 јануари) сите паркиралишта со кои стопанисуваат ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Од ПОЦ додаваат и дека денеска (31 декември), отворените паркиралишта ќе работат до 15 часот, а затворените паркиралишта и катната гаража, како и шалтерите за издавање договори во дирекцијата на претпријатието ќе работат до 16 часот.
Редовната наплата за паркирање и издавање на договори ќе продолжи на 3-ти јануари во вообичаеното работно време, соопштија од претпријатието.