Магла и смог утрово низ градовите

Центар во Скопје е најзагадена општина утрово, каде според мерните станици до 8 часот се измерени 302 микрограми ПМ 10 на метар кубен.

Исто загаден е и реонот околу Ректоратот со 180, општина Карпош со 179, Битола со 159, Струмица со 156, Тетово и Кавадарци со 134 микрограми на метар кубен. Инструментите за мерење на ПМ честичките за Лисиче и Гази Баба се уште не работат.

За споредба, дневната гранична вредност за ПМ10 честичките е 50 микрограми на метар кубен.