Дваесетина средношколци вчера обновија и поправија веќе постоечки делови од паркчето кое се наоѓа на ул. 50-та Дивизија веднаш до спортското игралиште.
Речиси цел ден го поминаа во разубавување на клупите, лулашките и трансформаторите во паркот. Тие се членови на скопскиот Медиа/Арт клуб на Младински образовен форум.
Целта на акцијата е да се крене свеста кај младите за самоиницијативно организирање и општествено дејствување.
Медиа/Арт клубовите се место за млади луѓе кои сакаат креативно да ги изразат своите ставови и идеи. Младите членови добиваат можност да научат како да снимаат видеа и аудио прилози, да создадат фото приказни, да научат за перформативна и урбана уметност и да ги користат новите медиуми и техники на уметност со цел да се постигне младински активизам и помагање на локалната заедница.
„Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија“.