Уставен укина два члена од Законот за високо образование

Уставен укина два члена од Законот за високо образованиеУставниот суд на денешната седница ги укина членот 70, став 6 и  членот 96, став 7 од Законот за високото образование, за кои имаше поведено постапка на 13 февруари годинава.

Првиот оспорен член предвидуваше претседателот за Одборот на акредитација да биде именуван од Владата од редот на членовите на Одборот. Вториот предвидуваше ментор на докторскиот труд да не може да биде член на Комисијата за одбрана на докторскиот труд.

Укинувањето се прави затоа што Судот оцени дека навлегувањето на законодавецот во оваа сфера, односно во тоа кој да биде претседател за Одбор на акредитација и кој да биде член на Комисија за одбрана на докторскиот труд претставува упад во автономијата на Универзитетот.

Подносител на едната иницијатива се проф. Слободан Унковски и други 12 професори од универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а втората е поднесена од група сенатори при Сенатот на УКИМ.