Протестите ги предизвикаа најголемите немири во Париз во последниве децении. Неколку важни симболи на градот се сериозно оштетени.
Демонстрантите веќе две недели протестираат на национално ниво поради данокот на гориво и зголемените трошоци за живот. Нивни претставници требаше да одржат средба вчера со властите, но таа беше откажана од безбедносни причини.
За време на протестите, три лица настрадаа, а над стотина беа повредени, додека повеќе од 400 лица се уапсени.