Студентите во „Кузман“ добија парно и топла вода

Саниран е дефектот со пумпата на мазут и дизните во студентскиот дом „Кузман“ поради што се јави прекин  во доставата на топлата вода и парното греење е саниран, соопштија од Државниот студентски дом „Скопје”.

„На место на старата пумпа се постави нова со што домот повторно се стави во функција. Вработените од секторот за одржување се сомневаат дека дефектот настанал поради неквалитетен мазут. Државниот студентски центар анализа од примерот мазут ќе испрати на испитување за да ги провери сомневањата на вработените“,

Директорот на државниот студентски центар Дарио Николовски беше во домот за одблизу да се запознае со причините и сомнежите за настанатиот дефект.

„Државниот студентски центар со сите средства се обидува да ги отстрани ваквите проблеми кои поради дотраената инсталација многу често се повторуваат. Во таа насока неодамна побаравме поголема партиципација од државата. Со тие средства повторно би ги вратиле во функција студентските домови“, стои во соопштението на Државниот студентски дом „Скопје“.