По петти пат на 24-ти и 25-ти ноември ќе се одржи традиционалниот Мотивациски викенд наменет за мотивација, инспирација и вмрежување на млади.
Настанот ќе се одржува во салата „Империјал“ во Македонска опера и балет во Скопје во организација на Младите можат.
„Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови,и работилници за личен и професионален развој“, најавуваат организаторите, додавајќи дека повеќе информации за говорниците и работилниците кои ќе се одржат ќе бидат споделени во следните денови.