Штрајк низ школите во Србија, просветните работници бараат поголеми плати

Просветните работници незадоволни од предлог-законот за плати од денеска во училиштата низ цела Србија, ќе има скратени часови од 30 минути.

Тие, исто така, најавија и радикализација на протестите.

Просветниците од самиот почеток на учебната година еднаш неделно држеа пократки часови, а од денеска часовите ќе бидат скратени.

Синдикатите бараат сите просветни работници со седми степен на образование да бидат префрлени во деветтата група на плати, наместо да бидат, како што е сега планирано, во осмата.

Министерот за образование, наука и технолошки развој, Младен Шарчевиќ, претходно објави дека сите наставни работници кои имаат дисциплинска служба ќе бидат префрлени во деветтата група на плати.

Во штрајк се Унијата на синдикатите на просветни работници од Србија, Сидикатот на работниците во просветата на Србија, Граѓанскиот синдикат „Независност” и Синдикатот на образованието на Србија.

Претставниците на синдикатите и на министерството досега се сретнаа двапати, а како што пишуваат српските медиуми,  ќе се сретнат и оваа недела.