Во тревник до улицата „Руди Чајевац“, во Стар Аеродром, веќе неколку месеци има „инсталација во простор“ – превртен лимен контејнер.
Оваа „инсталација“ е во непосредна близина на сет употребливи садови за отпад на ЈП ,,Комунална хигиена”, кај трите воени кули. Контејнерот без капак е изолиран, легнат насред зелен појас, со отворот накај паркингот.
Лежи празен и функционира како „декоративен урбан елемент“ меѓу станбените единици.
Летото го помина заедно со луѓето што шетаат миленици, минувачи од разни генерации и локалните мачки.
Оваа „инсталација“ не е единствената од ваков тип.
На 100-на метри подолу уште еден лимен контејнер има фатено јавен простор, надвор од стандардна позиција. Не ги опслужува аеродромци, а есентта ја пречека во лежечка положба.