[Фото] Изложба „Архитектонски илустрации“ на Зоран Кардула

Во рамки на 19. Биенале на македонска архитектура, БИМАС, во Музејот на Град Скопје се изложени дела од уметникот, графичкиот дизајнер и граѓански активист Зоран Кардула.

Изложбата е со наслов „Архитектонски илустрации“, а според Кардула се работи за илустрации, меѓу кои и од бруталистичките објекти од Скопје.

„Потоа тука е споменикот Македониумот во Крушево и секако дел од спомениците на НОБ низ Југославија кои сè уште пленат со својата убавина, архитектонски израз далеку пред времето и сè уште изгледаат авангардно. Изработени се во минималистички стил со цел да дојде до израз нивната убавина и моќ“, рече Кардула.

Во Музејот на Град Скопје се изложени 26 илустрации на Кардула.