Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека во сабота, поради државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, ќе работат само три билетарници.
„Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров“, информира ЈСП.
Истиот ден, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред.