Бројот на магистри зголемен за 21 процент

Бројот на магистри зголемен за 21 процентВо 2012 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1568 лица од кои 1297 или 82.7% се магистри и 271 или 17.3% се специјалисти, што претставува зголемување за 21.2% во споредба со 2011 година, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки во 2012 година изнесува 55.4%.

Во 2012 година, најголем број од магистерските трудови, 778 или 60.0%, се од областа на општествените науки, 15.1% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.