Нервозните Венецуелци секојдневно брзаат во продавниците во страв дека монетарната реформа со која се кратат пет нули од државната валута – боливарот – може да направи финансиски хаос и конфузија и да го направи невозможно набавувањето на основни животни продукти.
Инфлацијата во јули стигна до 82.700 проценти, според бројките на конгресот кој го контролира опозицијата, што практично значи дека дури и за најосновните животни продукти се потребни купишта кеш.
Фотографот на Ројтерс, Карлос Гарсија Равлинс, преку уникатен начин, покажува колку многу боливари се потребни да понесат граѓаните на Венецуела за да купат производ како тоалетна хартија, пакет ориз или десетина моркови.
Истовремено возачите брзаат да се снабдат со силно субвенционираниот бензин, најефтин во светот. За еден денар може да се набават 22 литри бензин. Претседателот Мадуро овој месец изјави дека цената на бензинот треба да се покачи, но не даде временски рок кога тоа би се реализирало.
Претседателот вели дека Венецуела е жртва на „економска војна“ која ја водат нивните политички противници, објаснувајќи дека новите монетарни мерки ќе донесат економска стабилност во земјата која подолг период е се соочува со социо-економска нестабилност.
Критичарите, сепак, ги критикуваат мерките образложжувајќи дека тие нема да направат ништо посебно за да го забават огромниот раст на цените. Според нив, инфлацијата е производ на пропаднатите социјалистички политики и невнимателното печатење на пари.
Следниот понеделник, кога новите банкноти со помалку нули ќе стапат во употреба, е прогласен за државен празник во Венецуела од страна на претседателот Мадуро. Интернет банкарството ќе биде запрено на неколку часови почнувајќи од вечерните часови во неделата.