Прво издание на фестивалот за современа уметност и поезија/текст „СловоКулт: литерАРТура“

Во август во Гевгелија (24.08) во склоп на Бош фестивалот, во Скопје (29.08) вo Галерија Акантус и во Берлин (9.10) во Бротфабрик, ќе се одржи мал интернационален фестивал за современа уметност и поезија/текст, SlovoKult: literARTour. 

Настанот вклучува групна изложба и поезија / кратка проза / текстуални фрагменти – читање и изведби на актуелна тема: Fake/Fact – Вистината во современата уметност и литература во време на лажни вести.

Ова е важен настан за независната уметничка, а особено за книжевната сцена во Македонија, Австрија, Германија, Црна Гора и Србија.

Фестивалот оддава чест на починати поети. На првото издание ќе се читаат избрани песни од Бошко Бозаџиевски, во Гевгелија и Берлин, и Игор Исаковски во Скопје и Берлин.

Повеќе за програмата и гостите на следниот ЛИНК.