Прослава на Светскиот ден на младите во Градски парк

Со панел дискусија на тема „Младите за ЕУ, ЕУ за младите – Перспективи и можности“ Агенцијата за млади и спорт ќе го прослави Светскиот ден на младите.

Дискусијата ќе се одржи на Школка во Градски парк со почеток во 18 часот.

Во неа ќе учествуваат Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт, Нарин Сахакјан, заменик претставник, Програма за развој на Обединетите нации, Сефер Селими, претседател на Здружението за унапредување на демократијата „Демокраси лаб“ и
Нина Ангеловска, извршен директор на Групер.мк.

По панел дискусијата, присутните ќе имаат можност да поразговараат со говорниците, како и да ги споделат своите идеи и ставови во однос на младинските предизвици и потреби во Македонија.