Гугл спрема цензуриран пребарувач за Кина

Матичната компанија на Гугл, АБЦ планира да лансира цензурирана верзија на својот пребарувач за Кина, која ќе блокира одредени страници и термини, објави потралот „Д Интерцепт“, цитирајќи како извор внатрешни документи на Гугл и лица упатени во тој проект, пренесува Ројтерс.

Проектот има кодно име „Драгонфлај“ и се имплементира од пролетта 2017 година, наведува порталот. Напредокот во овој проект бил забележан во декември, по состанокот на извршниот директор на Гугл и високи кинески владини претставници.

Поимите за пребарување за човекови права, демократијата, религијата и мирни протести ќе бидат меѓу зборовите на црната листа на апликации за пребарување, кои, како што вели порталот, веќе се претставени кај кинеската влада. Извршената верзија би можела да биде лансирана во следните шест до девет месеци, но се чека да одобрат кинеските власти.

Од Гугл одбиваат да коментираат за деталите споменати во извештајот, но велат дека започнале голем број мобилни апликации во Кина и работеле со локалните програмери како дел од процесот за одржување на своето присуство во овој регион. Водечкиот кинески интернет регулатор, не одговори веднаш на барањето на Ројтерс.

Главната платформа за пребарување на Гугл е блокирана во Кина заедно со платформата за видеа Јутјуб, но и покрај тоа тие се обидуваат да пробијат во Кина. Во јануари, Гугл се приклучи на платформа за инвестиции, каде што корисниците можат да стримаат како играат игри, а е наречена „Chushou“. На почетокот на јули, започнаа и игра поврзана со вештачката интелигенција на социјалната мрежа „WeChat“.