Бубачки и загадувањето го одзедоа сјајот на Таџ Махал, Врховниот суд нареди реставрација на објектот

За речиси 400 години, Таџ Махал, храмот кој се наоѓа јужно од индискиот град Агра, стои и блеска како споменик на љубовта. Познатиот мавзолеј бил изграден по наредба на царот на Могол, Шах Јахан, посветен на неговата омилена жена, Мумтаз Махал, која починала за време на породувањето.

Но, во последно време, гробот го изгуби својот сјај, изметот од бубачки и индустриското загадување направија белиот мермер да добива зелена, црна, кафеава и жолта боја, а државните работници се мачат да го одржат чист.

Поради ова, Врховниот суд на Индија донесе ултиматум – „Или да се уништи или да се реновира.”

Но, ова не е првпат судот да се замери со државата. Во мај, судот и даде инструкции на државата Утар Прадеш, каде се наоѓа местото кое е под заштита на УНЕСКО, да се најдат странски експерти кои ќе помогнат да запре загрижувачката промена во бојата на споменикот, бидејќи се покажа дека државните експерти не биле во можност или не сакаат да го спасат споменикот. Сепак, државата не презеде никаква акција по наредбата на судот, поради што тој ги обвини за летаргија и дека може да го уништат објектот така што не се грижат за него.

Таџ Махал се соочува со повеќе закани, повеќето од нив се човечки. Инсект наречен Chironomus calligraphus го нападнал споменикот, оставајќи дамки во многу делови од структурата. Иако бубачката може да се најде во реката Јамуна, која тече покрај Таџ, нејзиното население драстично се зголеми во последниве години поради загадувањето на водата. Сепак, бубачката може да се отргне, но честото гребење на мермерот поради чистењето го намалува неговиот сјај.

Секоја инвестиција за зачувување на Таџ Махал вреди многу. Најголемата туристичка атракција на нацијата привлекува до 70.000 посетители дневно. Но, туризмот е меч со две острици. Сите луѓе што поминуваат, влијаат на темелите на застарената структура, како и допирот со мрсни раце и влажниот здив влијаат на ентериерот.

Поради ова, годинава е предложено бројот на дозволени туристи да се намали на 40.000 дневно. Во март имаше и ограничување на три часа посета од страна на туристи.

Индустриското загадување исто така влијае врз објектот. Во близина на рафинериите за нафта, 200-годишниот крематориум за горење дрва и други фабрики предизвикаа мермерот да добие жолта боја. Владата затвори десетици блиски фабрики, не го запре пожолтувањето на Таџ. Додека конзерваторите користат посебен вид на средство за чистење на ѕидовите, дамките од загадувањето постојано се враќаат.

Владата подготвува 100-годишен план за Махал како одговор на наредбата на Врховниот суд.

Планот вклучува затворање на повеќе индустрии во близина на Таџ, чистење и спречување на загадување во Јамуна, воспоставување на зелена површина во Агра, подобрување на системот за прочистување отпадни води во областа и поставување брана за одржување на протокот на вода во реката, што може да помогне во напорите за реставрација.