„Пуси Рајот“ ја добија тужбата против Русија пред Европскиот суд

Европскиот суд за човекови права одлучи дека Русија ги нарушила правата на членките на панк бендот „Пуси Рајот“, во текот на протестите во храмот „Христос Спасител“ во Москва, во 2012 година.

Со судската одлука на Русија и се наложува да им исплати 49.000 евра на „Пуси Рајот“.

Демонстрантките два пати влегоа во црква, извадија музички инструменти и на кратко изведоа песна со пцовки, во знак на протест против поддршката на поглаварот на руската православна црква за Путин.

Тие беа обвинети за хулиганство и злосторство од омраза, и беа осудени на две години затвор.

„Пуси Рајот“, кој користи шокантни перформанси за да привлече внимание кон она што го сметаат за репресија на рускиот претседател Владимир Путин, презеде одговорност и за упадот на четири демонстранки на теренот во финалето на Светското фудбалско првенство во Москва.