Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“ од 19 до 29 јули

На сцената на амфитеатарот во древниот антички град Стоби од 19 до 29 јули ќе се одржи 17 издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Фестивалот го организира општина Велес, а свечено ќе биде отворен в четврток вечер во 21 часот со премиерата на претставата „Лисистрата“ во изведба на ансамблот на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес.

На 20 јули ќе биде изведена претставата „Јулие Цезар“ на Народниот театар од Битола. На 22 јули на сцената во Стоби со претставата „Ардалион“ ќе настапи Ереванскиот државен театар на пантомима од Ерменија. На 26 јули ќе биде изведена претставата „Кралските копилиња“ во изведба на Народниот театар од Велес.

На 28 јули на древната сцена во Стоби со претставата „Нерон и јас“ на Жамбилскиот областен руски драмски театар, Казахстан. Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Лисистрата“ која ќе има репризна изведба.

На фестивалот ќе бидат доделени наградите за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и Гран при наградата за најдобра претстава, како и две пропратни награди.

Организаторите годинава за фестивалот обезбедија бесплатно пет автобуси со кои ќе се носат посетителите од Велес до Стоби. Сите претстави ќе почнуваат во 21 часот.