Од вчера, поради летниот распуст, не важат бесплатните средношколски билети, информираат од ЈСП.
Појаснуваат дека во јули и август тие ќе бидат исклучени од интегрираниот тарифен систем.
„Сакаме да напоменеме дека ЈСП Скопје нуди можност средношколците по повластени цени да купат месечен билет за јули и август по цена од 600 денари (за еден месец)“, информираат од претпријатието.