#ВозиПравоВозиЗдраво на велосипед, тротинет, ролерки, скироли или бебе-колички

Четвртото издание по ред на настанот #ВозиПравоВозиЗдраво ќе се одржи утре (3 јуни) со почеток од 11 часот кога сите учесници заедно ќе се возат на велосипед, тротинет, ролерки, скироли, бебе колички по безбедните празни улици.

Стартот е од Порта Македонија, а манифестацијата ќе кулминира во Градскиот парк со голема пикник забава и лотарија со вредни награди за регистрираните учесници како 5 „Specialized“ велосипеди, GoPro камери, Fitbit алки, тротинети, скироли, ранци.

„Затоа, подгответе си ги ролерките, стегнете ги велосипедите, качете се на тротитентите или скејтовите а можете дури и со вашите колички со бебиња и придружете ни се накратко да го ослободиме центарот на Скопје од автомобили и да се возиме по широките улици заедно“, порачуваат организаторите.