„Излез од криза, влез во ЕУ, една година подоцна“ – Дебата на ЏЕФ Македонија

Во рамки на серијата ЏЕФ дебати, Здружението Млади Европски Федералисти – Македонија (ЏЕФ Македонија) ја организира втората дебата за оваа година, насловена како “Излез од криза, влез во ЕУ, една година подоцна”.

Дебатата, со која ЏЕФ Македонија ќе го прослави 27-от роденден, ќе се одржи во среда, 30-ти мај во ГЕМ Клубот во Скопје, со почеток од 18 часот.

Фокусот на дебатата ќе биде напредокот и предизвиците на Република Македонија во евроинтегративниот процес, вклучувајќи го и спорот за името со Република Грција. Воедно, оваа дебатата ќе го опфати и реформскиот процес и неговото влијание на секојдневниот живот на македонските граѓани.

Како што известуваат од ЏЕФ Македонија, на дебатата поканети говорници се:
– Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања;
– Јован Деспотовски, претставник на СДСМ;
– Тимчо Муцунски, претставник на ВМРО-ДПМНЕ
– Беса Арифи, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа;
– Блажен Малески, претседател на Националниот младински совет на Македонија;
– Васко Попетрески, уредник во Телевизија Алсат

Дебатата е дел од годишната програма на ЏЕФ Македонија, поддржана од Фондација отворено општество Македонија.

Првата дебата на оваа тема можете да ја погледнете на линкот во продолжение: