Вечер на раскажување квир приказни, насловена како „Срамота!“ ќе се одржи на 1-ви јуни во 21 часот во Кино Култура, како промо-настан за годинешниов Викенд на гордоста 2018.
Организаторите најавуваат дека неколку раскажувачи од јавната културна, политичка и општествена сфера ќе раскажуваат кратки приказни за телесниот, родовиот и сексуалниот срам кој ја одбележал нивната општествена ненормативност.
„Оттаму, „квир“, како она што излегува од рамките на прифатливиот општествен код. Со овие јавно изговорени приказни, срамот се превртува и трансформира, исмејаниот станува исмејувачот – срамот се враќа назад кон оние кои занесениво својата арогантност и привилегија, претпоставуваат дека го имаат правото да бидат родова, сексуална и морална полиција, и да понижуваат“, велат организаторите.
Модераторки на настанот ќе бидат Румена Бужаровска и Ана Василева, а влезот на настанот е бесплатен.