Средношколката Пепита Манџиковска го освои првото место на натпреварот „МИТ Универзитет го избира најкомплетниот матурант во Република Македонија“. Второто место го освои Бисера Илиеска , а трет е Дарко Тошиќ.
На финалето кое викендов се одржа во Скопје, низ пет рубрики – претставување, дебата, ораторство, решавање на проблемски ситуации и покажи што знаеш, матурантите ги презентираа своите знаења, вештини, карактеристики и способности на образовно, културно и социјално ниво.
Најкомплетните матуранти кои освоија прво, второ и трето место беа наградени со три, две и едно годишна стипендија за студирање на МИТ Универзитет.