Јавно предавање: Диносауруси и сè што сте сакале да дознаете за нив

Кога живееле диносаурусите? Како знаеме како изгледале? Како звучеле? Како исчезнале? Дали се уште живеат диносауруси?

Одговорот на овие и на други прашања за овие ѕверови од далечното минато може да добиете на предавањето: Диносауруси – се што сте сакале да дознаете за нив.

Предавањето ќе се одржи во понеделник (14 мај) од 19:30 часот во просториите на научниот клуб „Експлорариум“.

Предавач на ова предавање е Кирил Пржо – биолог и стручен соработник во „Експлорариум“.

Предавањето е дел од серија научно-популарни јавни предавања кои ќе бидат организирани од „Експлорариум“.

Влезот е 100 ден. Предавањето е наменето за сите возрасти.