Расфрлени амбалажа од храна, пластични чинии и шишиња – ваква е глетката во Градскиот парк ден по прославата на 1 Мај.
Оние граѓани кои решија да го прослават Денот на трудот со излет и скара, и годинава го оставија ѓубрето зад себе, за што сведочат фотографиите на Ива Колозова. Таа за Радио МОФ вели дека сликата е слична речиси секој викенд.
Реакциите воглавно се дека нема доволно канти за отпад во паркот и дека свеста кај граѓаните за рециклирање е на ниско ниво. Други, пак, велат дека надлежните требало да воспостават поголема контрола на терен.