Министерката за образование и наука Рената Дескоска ги додели наградите „Лидер“ од изборот за најдобар ученик по струки од завршните години од средните стручни училишта во Република Македонија во оваа учебна година.
Целта на натпреварот е поврзување на теоријата и практичната работа, за учениците да можат своето знаење да го преточат во изуми, кои подоцна ќе ги користат во наставата.
Оваа учебна година за учество во натпреварите се пријавија средношколци од 21 образовен профил од осум струки. Наградите ги добија следните ученици:
Тијана Крстевска | СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ Град Скопје | економско – правна и трговска |
Сања Георгиева | СУГС „Димитар Влахов“ Град Скопје | лични услуги |
Никола Стоименов | ССОУ „Коле Неделковски“ Велес | електротехничка |
Ребека Колевска | СОУ “Димитар Влахов“ Струмица | хемиско – технолошка |
Стефан Делев | СОУ „Никола Карев“ Струмица | машинска |
Антонио Тренески | ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид | сообраќајна |
Камелија Илиева | СОУ „Кочо Рацин“ Св.Николе | земјоделско – ветеринарна |
Кристијан Стоимов | СОУ „Коле Нехтенин“ Штип | угостителско – туристичка |
Наградите четврта година по ред ги организира Министерството за образование и наука, во соработка со Центарот за стручно образование и обука, со поддршка на професори од високо образовните установи во државата и претставници на бизнис заедницата.
Од Министерството посочуваат дека ги поддржуваат ученичките активности кои придонесуваат за унапредување на знаењата на учениците и го поттикнуваат натпреварувачкиот дух кај младите.
ФОТО: МОН