Повик за учество во интеркултурна/спортска работилница со бегалци во Куманово

НВО Легис објави повик за учество на млади лица од Македонија во втората интеркултурна /спортска работилница, која ќе се одржи на 14 април во транзитниот центар за бегалци во Табановце, Куманово.

Работилницата има за цел да создаде повеќе простор за средби и директни размени помеѓу бегалците и локалното население и на тој начин да ја подигне свеста кај локалното население за ситуацијата на бегалците кои во моментот престојуваат во ПТЦ Табановце во Македонија, како и да ја намали социјалната ексклузија на бегалците.

Младото локално население ќе може да учествува во заеднички активности и игри со бегалците и подобро да ги разбере гледиштата на бегалците во во вистинскиот живот.

Десет млади лица ќе бидат одбрани за втората работилница, која ќе биде водена од обучен младински работник. Работниот јазик на работилницата е англиски. Патните трошоци ќе бидат целосно покриени. Ќе има обезбедено посебен транспорт од центарот на Куманово до транзитниот центар “Табановце”. Предуслов за пријавување е апликантите да имаат најмалку 18 години.

Заинтересираните кандидати треба да го попoлнат електронскиот формулар најкасно до понеделник, 9 април.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани.

Проектот е имплементиран од НВО ЛЕГИС со поддршка на проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија”. Проектот „Развој на капацитети на одбрани чинители кои работат со баратели на азил во Србија и Македонија “ е воспоставен од German Federal Ministry for Economic Cooperation and Development (BMZ), а управуван од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH