Екстерни тестови и внатрешна евалуација во сараевските училишта

Министерството за образование, наука и млади од Кантонот Сараево потврди дека ќе се спроведува интерна евалуација во основните училишта, објави Радио Сараево.

Од Министерството посочуваат дека по реакцијата на родителите, организирани преку Совет за родители на Сараево, било договорено од тестирањето да се исклучат учениците од четврто и деветто одделение, во учебната 2017/2018 година. Ова е сторено бидејќи било утврдено дека учениците се доволно оптоварени,  па ова тестирање ќе им создаде дополнителен стрес.

Интерната евалуација ќе се одвива во сите одделенија, а екстерната проценка на знаењата по трето и шесто одделение.

„Тоа ќе бидат обични тестови, систематизација на знаењето без никаков стрес и влијание врз оценките, а тоа ќе го направат наставниците во нивните одделенија. Тестовите сега се подготвуваат и навистина нема потреба од стрес. Ова е типична проценка на учењето на учениците во овие одделенија и тестовите за знаењето ќе бидат во согласност со курикулумот и наставните содржини што децата веќе ги научиле“, велат Министерството.

Советот на родители на кантонот во Сараево потврди дека внатрешната евалуација е нешто што Министерството го донело одлука, а родителите не биле консултирани.