„Games and Politics“ – Интерактивна изложба за видеоигри, уметност и политика во ФИНКИ

Од 07 до 25 февруари на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, во организација на Гете-институтот, ќе се одржува Интерактивна изложба Games und Politics (Игри и Политика).

Според организаторите, изложбата ги прикажува видеоигрите како социјални изјави и уметнички објекти и истражува како видеоигрите низ игра го развиваат нивниот политички потенцијал. Посетителите стануваат гејмери и сами откриваат како делуваат игрите врз нив.

При отворањето на изложбата ќе има организирано нејзино разгледување и коментирање на игра, од страна на Кристијан Хубертс, научник за култура и медиуми од Германија.

Games and Politics настанала во 2016 година и се заснова врз изложбата Global Games на ZKM (Центар за уметност и медиуми), Карлсруе. Кураторите на изложбата избрале политички амбиционирани видеоигри од последните 12 години, кои ги истражуваат границите и можностите на овој жанр и со тоа претставуваат и предизвик за индустријата на разонода.

Во рамките на изложбата Гете-институт Скопје, заедно со ФИНКИ, ќе организираат „Гејм Џем“, каде креативни луѓе 48 часа ќе програмираат игри.

Влезот е слободен за сите заинтересирани, а повеќе информации можете да најдете ОВДЕ.