[Видео] Први снимки од дрон на еколошките инспектори

Државниот инспекторат за животна средина се приклучува кон европските колеги од мрежата IMPEL, кои користат т.н. паметни алатки кои се во функција на поголема ефикасност на инспекциските надзори.

Првото снимање е направено во општина Карпош м.в. Момин Поток и Градски парк Скопје на 29 јануари.

„Снимањето ќе продолжи на територијата на целата држава во сите три области: вода, природа и животна средина“, велат од Инспекторатот.

Од таму напоменуваат дека сите снимки ќе бидат јавно достапни преку видео и слика со цел подобрување на состојбата на животната средина во целата држава.