На првата годишнина од инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп ширум светот се организираа улични собири и маршеви против политиката на Трамп и во знак на поддршка на движењето против сексуалното вознемирување.
Протестот во Њујорк е еден од над 200 такви акции кои викендот се планирани ширум светот. Собири имаше и во Чикаго, во Лос Анџелес, во Денвер, во Рали, додека во Филаделфија голем број учесници во маршот носеа капи со мачкини уши во знак на солидарност, а другите носеа транспаренти со пораки против Трамп.
Додека жени низ целата земја се собираа неговатата политика, претседателот Трамп твитна дека е совршен ден за жените да маршираат и да го прослават економскиот успех и создавањето богатство, кои се случиле за време на неговата прва година како претседател.
Десетици активисти се собраа и во Рим во знак на осуда на насилството над жените и како поддршка на движењето „И јас“ (#MeToo) против сексуланото вознемирување.