„Филм за Храна и Промена“ – документарни филмови во Социјален центар „Дуња“

Во недела од 15:30 часот во Социјалниот центар „Дуња“ ќе се одржи настанот „Филм за Храна и Промена“, на кој ќе се прикажат документарни филмови за земјоделското производство и осврт кон системот за храна.

Настанот го организира Слоу Фуд Млади – Македонија, по повод Ден на „Мајката Земја„ или Terra Madre на Slow Food International, кој традиционално се одржува oд 2009 година низ 160 земји во светот.

Целта е да се воочи потребата за промена во овој сектор и да се направат компарации помеѓу маните и предностите на индустриското и локалното производство. После проектираните филмови организаторите ќе потикнат дебата помеѓу присутните со цел да се зголеми интересот во оваа област како кај конзументите, така и кај учесниците во целиот систем“, најавуваат организаторите.

Ќе бидат прикажани три документарци: Корпорација ХРАНА (FOOD Inc.), Семe на слободата (Seeds of Freedom) и Пивска култура (Beer Culture).