Како дел од активностите по повод одбележувањето на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со инвалидност, Институтот за дефектологија при Филозофски факултет од Скопје организира голема работилница за изработка на новогодишни честитки.
На идеја на професорите од овој институт, годинава Филозофски факултет самостојно ќе ги изработува новогодишните честитки за своите соработници. Сите останати честитки кои ќе бидат изработени ќе се продаваат, а средствата ќе бидат донирани за младинците од Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.
Новогодишните честитки ќе ги изработуваат студенти од Филозофски факултет, младинска група на Хелсиншки комитет за човекови права, Монтесори центар, ЗПЈС Перспектива Астерикс, Здружение Во Мојот свет, DOWN syndrome центар Македонија, ученици од ПОУ „Иднина“, ПОУ „Златан Сремец“, ДУЦОР „Партенија Зографски“, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Државно средно училиште за образование и рехабилитација „Св. Наум Охридски“, ООУ “Кочо Рацин“ Куманово, ПСУ „Јахја Кемал“ и Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје.
Како дел од настанот ќе биде и продажната изложба за рачно изработен накит на Елизабета Петковска, настапот на младата поетеса Марија Миноска, Музичко-едукативен центар ЕНСО, раководен од проф. Бранко Вељановски, како и нашите ѕвездички Мартија Станојковиќ и Антонија Гиговска.
Работилницата ќе се одржи утре од 12-14 часот на вториот кат во Skopje City Mall во делот кај детските бутици.
Настанот го подржуваат Амбасада на Република Бугарија, One.Vip, Pertini toys.