[Видео] Како изгледа судење за дискриминација на млади со попреченост

Членовите на програмата Учиме право при Младинскиот образовен форум симулираа судење за случај со дискриминација во образовен процес.

Настанот имаше за цел да ја запознае јавноста, а особено младите, со дискриминацијата – во овој случај онаа која се случува врз основа на попреченост во развојот. Преку симулацијата присутните можеа да се запознаат со парничната постапка, нејзиниот тек, и нејзината функција како механизам за заштита од дискриминација.

Симулацијата е дел од проектот „Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите“ поддржан од страна на Британската амбасада во Македонија. Симулацијата ќе ја изведат средношколци, членови на Учиме право програмата на Младински образовен форум.