Мивтар, Анета и нивните 8 дечиња живеат близу Скопје. Тие се родени тука и целиот живот го поминале тука. Сега за првпат, по заедничките напори на УНХЦР Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Македонското здружение на млади правници, шесте најголеми деца во семејството ќе добијат изводи од матичната книга на родените и ќе можат да се запишат на училиште.
Видеото е дел од кампањатата на УНХЦР #IBelong за ставање крај на бездржавјанството.