Шин Ногучи е наградуван фотограф кој живее во Камакура и Токио. Фотографиите во продолжение ги документираат последните години од животот на неговиот татко, кој неодамна почина од рак на белите дробови. Сликите претставуваат неверојатен интимен портрет на таткото на Шин и неговото блиско семејство. Од една страна, тоа е крајно лична приказна, а сепак, губењето на родител поради рак, е нешто во што многумина може да се препознаат.
Според Светската здравствена организација, бројот на нови случаи на рак се очекува да порасне за 70 отсто во наредните две децении. Ракот е веќе втора најголема причина за смрт на светско ниво, и е одговорен за смртта на 8,8 милиони смртни случаи во 2015 година, додека конзумирањето на тутун е најглавниот фактор што го создава ракот и е одговорен за речиси 22 осто од смртните случаи во светот. Статистиките, исто така, покажуваат дека ракот на бели дробови воглавно е застапен кај постарите луѓе – речиси двајца од тројца кои се дијагностицирани со рак на белите дробови имаат 65 години, или се постари.
„Во април 2014 година, го сликав татко ми додека беше во посета на мојата куќа во Камакура. Докторот неодамна му дијагностицираше крајна стаза на рак на белите дробови, но се уште му немав кажано. Се сеќавам на тоа. Тоа беше првиот пат кога го фотографирав татко ми. Во наредните три години, продолжив да го фотографирам. Секој пат кога ќе го притиснев копчето за фотографирање, му испраќам тивка порака – Те молам немој да умреш тато“.
„Ова беше последниот пат кога го сликав, пред да почине. Неколку недели подоцна добив итен повик од моето семејство и веднаш отрчав во болницата, но татко ми веќе починал, уште пред да пристигнам“.
„Ти благодарам, те сакам и ми недостасуваш тато“.