Демонстранти носејќи маски на Гај Фокс и годинава ја претставија својата анти-капиталистичка порака во Лондон, за годишниот „Марш на милиони маски“.
Илјадници луѓе извикуваа слогани против естаблишментот и за слобода на граѓаните пред Вестминстерската палата.
Настанот, организиран од хакерскиот колектив Анонимен, се одржува на 5 ноември секоја година.
Претходните протести резултираа со насилство, при што активисти се судрија со полицијата.
Според полицијата, маршот бил „неверојатно тивок” во споредба со минатата година, кога беа уапсени 53 лица.
Полицијата поставила услови за маршот, ограничувајќи го на тричасовен период од 6 до 21 часот на пропишаната траса меѓу Трафалгар сквер и Вајтхол.
На официјалната Фејсбук станица за настанот се вели: „Ние ги видовме злоупотребите на оваа влада и владите претходно.
Го видовме уништувањето на многуте граѓански слободи што ги одржувавме почитувани, видовме обиди интернетот да стане уште еден дел од надзорот.
Видовме дека Владата не ги почитува мигрантите, сиромашните, старите и лицата со хендикеп, видовме капитал, профит и алчност на неколку што се ставени пред благосостојбата на многумина и ние велиме дека е доволно”.
Објавата завршува со: „Владата и 1 отсто го одиграа своето. Сега е време да играме ние. Очекувајте не.”