Младински образовен форум организира јавна консултација за ново студентско организирање која ќе се одржи во Штип овој четврток.
Со почеток од 12:00 часот, во свечената сала на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ студентите ќе ги споделат своите очекувања и ставови на првите отворени консултации за студентското организирање во Македонија. Консултациите се во организација на МОФ и Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Говорници на настанот ќе бидат претставници на повеќе студентски организации:
Деа Здравковска, Студентски пленум
Кристијан Панев, Фондација за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ)
Иван Дургутов, Европска асоцијација на студенти по право (ЕЛСА)
Моника Митева, АИЕСЕК
Александра Филипова, МОФ
Иницијативата за одржување јавни консултации со студенти, професори, студентски организации и други засегнати страни има за цел да ги прибере мислењата за нов модел на студентско организирање. Овие консултации ќе помогнат во дефинирање аргументи и предлози кои би се доставиле до надлежните институции за подобрување на решенијата во рамки на Закон за високо образование.
Предвидено е вакви јавни консултации да се реализираат со студентите на повеќе јавни универзитети во Македонија со периодот октомври-ноември 2017 година. Активностите се финансирани и се спроведуваат во партнерство со Фондација Отворено општество – Македонија.