Македонија – 1,5 милиони граѓани користат интернет, а 1 милион се на Фејсбук

Во Македонија интернет користат 1.503.000 луѓе или 72,2% од населението, а точно милион граѓани ја користат социјалната мрежа Фејсбук, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд статс“.

Само граѓаните во Словенија (75,5%) и во Хрватска (74,4%) имаат поголем процент на корисници на интернет во регионот. Зад Македонија се рангирани Црна Гора (69,9%), БиХ (69,3), Грција (69,1), Србија (67,1), Албанија (66,4) и Бугарија (59,8%).

Во Европа интернет користат 659,6 милиони луѓе, а Фејсбук 343,2 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу се користи во Исланд и во Норвешка, речиси 100 проценти од жителите, а најмалку интернет корисници има во Украина – 52,5 проценти.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 3,89 милијарди интернет корисници или 51,7% од вкупната популација, додека скоро 2 милијарди луѓе користат Фејсбук.

Податоците се ажурирани заклучно со 30 јуни оваа година.