Жителите на општина Дебарца изгласаа против изградбата на регионална депонија на територијата на нивната општина.
Вчера, паралелно со одржувањето на локалните избори, во Дебарца се гласаше и на референдум за најавената изградба на регионална депонија за цврст отпад во која би се носел сметот од југозападниот регион на земјава вклучително и од проблематичната Струга.
Од над 4.600 гласачи, 2.900 гласале „против“, а 293 ја поддржале идејата за депонија во нивната општина.
Сепак, овие референдуми не се правно обврзувачки.