Моден викенд Скопје ќе се одржува во знакот на борбата против трговија со луѓе

По мотото #Stopthetraffik – за запирање на трговијата со луѓе, од 22 до 25 октомври ќе се одржи 16-тото издание на Моден викенд Скопје.

На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.

„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд, купувајте помалку, но одберете внимателно“, велат организаторите на Моден викенд Скопје.

Инаку, колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ (22- 24 октомври), а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.

Порака кон јавноста – кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket е покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“.