Шпанците излегуваат на контрапротести против идејата за независност на Каталонија

Илјадници демонстранти се очекува да излезат на улиците на Шпанија со цел да изразат незадоволство од референдумот за независност на Каталонија и да повикаат на обединетост.

„Шпанија е подобра од своите лидери. Сега е момент да се собереме и да им кажеме дека се неспсобни и неодговорни“, стои во повикот на организаторите на „Патриотските маршеви“.

Повиците за контрапротести во Мадрид, Барселона и низ други градови доаѓаат откако шпанската влада синоќа упати извинување на жителите на Каталонија поради стотиците повредени лица при обидите на националната полиција за попречување на референдумот. Истовремено, за нередите ги обвини каталонските власти бидејќи „воопшто го одржале противуставниот референдум“.

додека каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон го откажа обраќањето пред регионалниот Парламент во Барселона, што беше најавено за во вторник, кога се очекуваше да прогласи независоност на регионот.

Од друга страна, медимите во Шпанија оценуваат дека засега не е познато каков потег ќе преземе каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон, во услови кога е изложен на притисок од страна на сепаратистите за „почитување на одлуката на референдумот“ и за прогласување независност на Каталонија. Тој веќе повика на меѓународно посредништво за надминување на спорот меѓу Мадрид и Барселона.