„Нов свет во ера на глобализација“ – Меѓународен студентски конгрес во Скопје

„Создавање нов свет, во ера на глобализација“ е темата на четвртиот Меѓународен студентски конгрес, кој утре и задутре се одржува во Скопје во организација на Меѓународниот балкански универзитет.

Најавено е учество на повеќе од 80 студенти од 35 држави од светот, кои на Конгресот ќе ги анализираат правните, политичките, економските, социјалните, психолошките, едукативните, уметничките и инженерските аспекти на темата.

На отворањето на Конгресот, како што е најавено, ќе учествуваат претставници на државните институции, дипломатскиот кор, цивилното општество, академскиот свет и студенти.

На следниов ЛИНК може да ја погледнете листата на учесници и темите на кои ќе говорат.