[Фото] Изгорена депонија кај мостот Газела во Карпош, граѓаните загрижени од загадувањето

Локални граѓани од скопски Карпош се револтирани од чадот кој периодов се шири од диви депонии низ општината. Преку социјалните мрежи испратија фотографии од уште една од бројните „црна точки“ натрупани со отпад, потенцирајќи дека тука е горено секакво ѓубре, пластики, кеси, гуми, електроника, килими…

Се работи за локација од двете страни на мостот Газела. Бараат локалните власти и надлежните служби да реагираат и спречуваат понатамошно фрлање отпад и негово палење, при кое се шират токсични супстанции што ги диши цел Каршош, и цело Скопје воопшто.